Add parallel Print Page Options

Видение за жената и Змејот

12 Потоа на небото се покажа една чудна[a] појава: жена облечена со Сонцето. Под нејзините нозе беше Месечината, а на главата имаше венец со дванаесет ѕвезди. Жената се породуваше и врескаше од породилни болки.

Тогаш и друга глетка се појави на небото: еден голем црвен Змеј со седум глави и десет рогови; на секоја од седумте глави имаше круна. Со својата опашка Змејот завлече една третина од ѕвездите[b] на небото и ги собори долу на Земјата. Потоа Змејот се упати кон жената за да и го погуби Детето, откако ќе Го роди.

Жената роди Син, Кој ќе владее над сите народи со железен скиптар. Синот беше издвоен и однесен кај Бог, на Неговиот престол. Жената, пак, побегна во пустината, на местото што Бог го беше приготвил како засолниште за неа - таму да биде згрижена илјада двесте и шеесет дни.

Тогаш изби војна на небото: Михаел и ангелите под негова команда завојуваа против Змејот и неговите ангели. Змејот беше поразен и тој и неговите ангели беа исфрлени од небото. Големиот Змеј, старата Змија, што ги мами сите жители на Земјата, познат како Ѓавол и Сатана, беше фрлен на Земјата, заедно со неговите ангели.

10 Потоа чув глас од небото, кој рече:

„Сега дојде спасението и Царството на нашиот Бог

и власта на Неговиот Помазаник[c],

бидејќи тужителот на Божјите луѓе,

кој деноноќно ги обвинува пред нашиот Бог, е исфрлен!

11 Тие го победија преку крвта[d] на Јагнето и со вистината што ја проповедаа, за која храбро ги жртвуваа и сопствените животи.

12 Затоа, нека се весели небото со сите свои жители! А тешко си им на Земјата и на морето, бидејќи Ѓаволот е фрлен кај нив! Тој е силно разгневен, зашто знае дека му преостанува уште само малку време!“

13 Кога Змејот виде дека е исфрлен на Земјата почна да ја прогонува жената што го роди Синот. 14 Но на жената и беа дадени две крилја како на голем орел, за да може да се скрие во пустината. Таму таа се избави од Змијата и беше згрижена за време од три и пол години[e].

15 Тогаш Змијата од својата уста испушти млаз од вода како река, обидувајќи се да ја однесе жената со водената струја. 16 Но Земјата и притекна на помош на жената и ја голтна реката што излезе од устата на Змејот. 17 Поради тоа, Змејот се разгневи на жената. Тој тргна во војна против останатите нејзини потомци - против оние што ги извршуваат Божјите заповеди и што Му се верни на Исусовото дело и учење.

Footnotes

  1. Откровение 12:1 Буквално: голем знак. Може да значи и случка од големо значење.
  2. Откровение 12:4 Можеби се работи за третина од ангелите што ги завел Ѓаволот. Види фуснота за 9:1.
  3. Откровение 12:10 Односно, Христос на грчки или Месија (Машија) на хебрејски.
  4. Откровение 12:11 Или преку смртта.
  5. Откровение 12:14 Буквално: едно време и две времиња и половина време.