Add parallel Print Page Options

16) Воскресението на Исус

(Мт. 28:1-8; Лк. 24:1-12; Јвн. 20:1-10) 16 По саботата, Марија од Магдала, Салома и Марија - мајката на Јаков - купија мириси за балсамирање на Исусовото тело. Во раните зори на Неделата, при изгрејсонце, тие се упатија кон гробницата. Одејќи, почнаа да се прашуваат: „Како ќе го тргнеме каменот од отворот на гробницата?“ Но кога втасаа таму и погледнаа, забележаа дека тешкиот камен е веќе отстранет! А каменот беше навистина голем!

Жените влегоа во гробницата и на десната страна видоа седнат еден млад човек[a] во долга бела облека. Многу се исплашија!

Но ангелот им рече: „Не плашете се! Вие го барате Назареќанецот Исус, Кој беше распнат. Тој воскресна и не е овде! Еве го местото каде што беше положено Неговото тело. Одете и кажете им на Неговите ученици, и особено на Петар: ,Исус ќе ве чека во Галилеја. Таму ќе Го видите, како што ви беше кажал!‘“

Жените избегаа од гробницата, тресејќи се од страв. Толку беа исплашени, што никому ништо не кажуваа.

Исус

и се покажува на Марија Магдалена Рано изутрината во неделата, кога Исус воскресна од мртвите, и се појави на Марија од Магдала. (Порано Исус ја беше ослободил од седум демони кои беа во неа.)

10[b]

................................................................................................................................ 10 Таа отиде и им кажа на Исусовите следбеници кои тагуваа и плачеа. 11 Но тие, кога слушнаа дека Исус е жив, не поверуваа, иако Марија им кажа дека Го видела.

Исус им се покажува на двајца Свои ученици

(Лк. 24:13-25) 12 Подоцна, Исус им се појави и на двајца Свои ученици, но во поинаков изглед. Тие тогаш одеа по пат, кон едно село. 13 Кога овие двајца им раскажаа за ова на другите, тие не им поверуваа.

Упатства од Исус до Неговите следбеници

(Мт. 28:16-20; Лк. 24:36-49; Јвн. 20:19-23; Дела 1:6-8) 14 Потоа Исус им се покажа и на единаесеттемина Свои ученици, додека тие вечераа заедно. Тогаш ги укори поради нивното неверство и закоравеност на срцата, зашто не им веруваа на оние што Го беа виделе по Неговото воскресение. 15 Потоа им рече:

„Одете по целиот свет и проповедајте им ја Радосната вест на сите луѓе! 16 Секој што ќе поверува и ќе се крсти - ќе биде спасен. А секој што ќе одбие да поверува - ќе биде осуден. 17 Оние што ќе поверуваат, ќе можат да извршуваат чуда: со помош на Моето име ќе изгонуваат демонски духови, ќе зборуваат на нови јазици, 18 со раце ќе фаќаат змии, ќе испиваат отрови и нема да се отрујат, ќе исцелуваат болни со ракополагање врз нив.“

17) Вознесението на Исус

(Лк. 24:50-53; Дела Ап. 1:9-11) 19 Откако на Своите ученици им ги упати овие зборови, Господ Исус се вознесе на небото и седна до Бог, од Неговата десна страна[c].

20 А учениците се разотидоа и почнаа да проповедаат насекаде. Господ беше со нив и преку чудата што тие ги извршуваа потврдуваше дека тоа што го зборуваат е вистина[d].

Footnotes

  1. Марко 16:5 Всушност, ангел. Види Мт. 28:2-3.
  2. Марко 16:9 Според некои ракописи ова Евангелие завршува овде со стих 10, кој гласи: Жените бргу му јавија на Петар и на неговите другари за оваа случка. Потоа, Исус ги испрати Своите ученици на исток и на запад, да ја разгласуваат светата и вечна порака за спасение на луѓето и добивање на вечен живот. Амин.
  3. Марко 16:19 Овој израз значи: на почесно место, но подразбира и врховни овластувања.
  4. Марко 16:20 Во некои стари ракописи Евангелието според Марко завршува заклучно со стихот 10, онака како што е наведен во фуснотата. Во други ракописи ова Евангелие ги има и останатите стихови, заклучно со стих 20.